Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.

Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите. Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.

Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.
 

Кодекс алиментариус соопштенија

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Европскиот систем за известув

ЕФСА и нејзините сестрински агенции  (European Centre for Disease Prevention and Control (ECDC), the European Chemicals Agency (ECHA), the European Environment Agency (EEA), and the European Medicines Agency (EMA)) кои обезбедуваат научни совети за животната средина, јавното здравје и безбедноста на храната објавија заедничка изјава за да ја изразат својата заедничка посветеност да ја поддржат агендата „Едно здравје“ во Европа.
Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручни лица од Центарот за јавно здравје, спроведуваат вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна ДПТУ “Ванила фоод” – ДООЕЛ Скопје и добавувачите на суровини за овој оператор

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо извест

Царува ли црн пазар на пестициди во Македонија кои се користат во земјоделието, а се забранети за употреба?

Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезб

На покана од Министерството за здравство на Кипар (Националната лабораторија на Кипар), а во соработка со Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА), на Експертска работилница: Training Workshop on the ImproRisk model, од Агенцијата за храна и ветеринарство активно учество зема и д-р Виктор Арсов од Секторот за проценка и комуникација на ризик.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно се вклучи во симулациската вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес  - „Хуманитарен одговор 2023”, која денес се одржа во Скопје, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Африканската чума кај свињите може да биде смртоносна за свињите. Ако сте #фармер, еве како можете да помогнете за заштита на вашиот #добиток.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски учествуваше во централниот дневник на Македонската телевизија – “Тема на денот”. Акцент во разговорот беше ставен на состојбата со увезеното млеко и пробиотски јогурт од Србија