АХВ спроведе вонредни контроли во кујните на основни и специјални училишта во Скопје
При минатонеделните спроведени вонредни надзори во 36 училишни кујни во основни и специјални училишта на територија на град Скопје, инспециските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најдоа само една кујна која не е регистрирана во АХВ. За утврдената недоследност, изречена е прехршочна санкција и наредено е итно регистрирање.