Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Прирачник за електронски работни групи на Кодекс

05.12.2024
Прирачник

Долгоочекуваниот „Прирачник за електронски работни групи на Кодекс“ е објавен, а објавувањето се совпадна со одржувањето на 47 состанок на Комисијата на Кодекс Алиментариус (CAC47) што се одржа од 25 до 30 ноември 2024 година во Женева, Швајцарија.

Електронските работни групи (EWG) станаа широко користена алатка за унапредување на работата помеѓу состаноците на комитетите на Кодекс. Новиот прирачник изготвен на барање на земјите членки на Комисијата на Кодекс Алиментариус  и набљудувачите, нуди јасни и  практични насоки, со совети за воспоставување, управување, учество и известување за електронски работни групи.

Електронските работни групи на Кодекс им дозволуваат на земјите членки на Комисијата на Кодекс Алиментариус  и набљудувачите, чии претставници не можат да присуствуваат на состаноците, да следат и да дадат придонес кон одредени работни точки. Прирачникот ги појаснува улогите и одговорностите на учесниците и објаснува како ефективно да се води и да се учествува во работата за поставување Кодекс стандарди преку електронските работни групи.

https://openknowledge.fao.org/items/0367ad3e-d704-4772-95cd-3b74002998cc