Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Март 2024

Нутритивна проценка на ризик - PPT слајдови (2018)

Нутритивната проценка на ризик се однесува на научно-базирана проценка на ризик при воспоставување на диететските референтни вредности за микро- и макронутриенти во различни популациони (возрасни) групи и различни физиолошки состојби. Во овој документ се изнесени принципите и методологијата на нутритивната проценка на ризик како и софтверските алатки што се користат. Станува збор за пренесено знаење од високоспецијализирана обука од 2017-та година за проценка на ризик организирана од Европската Комисија - DG SANTE BTSF.

ЗДРАВСТВЕНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ДИЕТЕТСКА ЕКСПОЗИЦИЈА НА КОНЈУГИРАНА ЛИНОЛЕИЧНА КИСЕЛИНА (CLA), ПОВРЗАНОСТА СО ФИЗИЧКИТЕ ПЕРФОРМАНСИ, ТЕЛЕСНАТА МАСА И ДЕБЕЛИНАТА (ОБЕЗНОСТА), ДИСЛИПИДЕМИЈАТА, КАРДИОВАСКУЛАРНИТЕ И ДРУГИ ИНТЕРНИСТИЧКИ ЗАБОЛУВАЊА

Прекумерната телесна тежина и дебелината (obesitas lat.) е типичнa болест поврзана со животниот стил - се однесува на прекумерна акумулација на телесни масти која негативно влијае на здравјето. Појавата на прекумерната тежина и дебелината е во пораст како најзначаен здравствен проблем на модерниот стил на исхрана. Дебелината е причина за многу кардиоваскуларни заболувања, неплодност и отпорност на инсулин (инсулинск

Здравствена проценка на ризик од диететска експозиција на глутен преку храна кај лица со глутен сензитивна ентеропатија – целијачна спруе (целијакија)

Алергиите на храна претставуваат важен јавно здравствен проблем кој засега приближно 2-4% од возрасната популација и до 8-9% од детскатан популација што е медицински дијагностицирана. Стапката на преваленца за самопријавените случаи на алергија на храна е неколкукратно повисока. Единствениот начин да се избегнат предизвикувачките реакции кај индивидуите кои се веќе алергични е избегнување на соодветната храна (ЕФСА, NDA Панел, 2014).

ЗДРАВСТВЕНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИК ОД ДИЕТЕТСКА ЕКСПОЗИЦИЈА НА ГЛУТЕН ПРЕКУ ХРАНА КАЈ ЛИЦА СО ГЛУТЕН СЕНЗИТИВНА ЕНТЕРОПАТИЈА – ЦЕЛИЈАЧНА СПРУЕ (ЦЕЛИЈАКИЈА)