Нутритивната проценка на ризик се однесува на научно-базирана проценка на ризик при воспоставување на диететските референтни вредности за микро- и макронутриенти во различни популациони (возрасни) групи и различни физиолошки состојби. Во овој документ се изнесени принципите и методологијата на нутритивната проценка на ризик како и софтверските алатки што се користат. Станува збор за пренесено знаење од високоспецијализирана обука од 2017-та година за проценка на ризик организирана од Европската Комисија - DG SANTE BTSF. Овој документ е од едукативно-дидактички карактер и е сработен и презентиран од Д-р Виктор Арсов, доктор на медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка и комуникација на ризик по човековото здравје од опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР), со 17-годишно работно искуство во проблемтатиката, којшто беше номиниран и активно партиципираше на оваа обука во Талин, Естонија, септември 2017-та година.