Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Септември 2021

АХВ го одбележа 28 Септември- Светски ден на борба против беснило

28.09.2021
Под мотото ,,Нула смртни случаи од беснило до 2030,, и “Беснилото завршува овде, со тебе” и годинава Агенцијата за храна и ветеринарство се вклучува во глобалната кампањата за одбележување на 28 септември - Светски ден за борба против беснило...

Бабовски учесник на 61 - Меѓународна конференција на месната индустрија во Златибор

27.09.2021
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и Илија Георгиев, раководител на Одделението за координација и контрола на лабораториите, од 26 до 29 септември учествуваат  на 61 - Меѓународна конференција на месната индустрија која се одржува во Златибор

Отповикување на Јана витамини Happy портокал од 0,5 и 1,5л

27.09.2021
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ДПТУ АВТ Интернационал, од пазарот врши отповикување на Јана витамини Happy портокал од 0,5 и 1,5л, поради утврдено присуство на етилен оксид.

Одбележување на светскиот ден против беснило- 28 септември 2021 година

27.09.2021
Како дел од многубројните настани кои се организираат со цел одбележување на Светскот ден против беснило- 28 септември, на глобално ниво, Регионалното претставништво на ОИЕ за Европа организира вебинар

Отповикување на сладолед од кокос

14.09.2021
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М Дооел, од пазарот врши отповикување на сладоледи БАУНТИ ЕКСТРА стапче 1х24 (51.6 гр), поради утврдено присуство на етилен оксид.

Отповикување на напиток од кокос

14.09.2021
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ТДПТГМ РУДИНЕ ММ ДОО Скопје, од пазарот врши отповикување на АЛПРО БИО КОКОСОВ НАПИТОК од 1L, поради утврдено присуство на етилен оксид.