Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Јули 2020
Атанасов посети компании од земјоделско-прехранбениот сектор во кавадаречко
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, денес во рамки на теренските активности, посети три компании од земјоделско прехранбениот сектор од кавадаречкиот регион – мелничко пекарската индустрија „Жито Југ“, компанијата „Слога пром”, која се занимава со увоз и дистрибуција на месо и храна од неживотионско потекло и месната индустрија „Дироко”.
АХВ го унапредува системот за контрола на зоонози
Агенцијата за храна и ветеринарство презема активности за унапредување на системот за навремена идентификација и одговор на појавата на зоонози, зоонотски агенси и изворите на инфекции и за воспоставување на систем за побрз проток на информации за нив, меѓу институциите на системот и бизнис секторот.
Трипуновски манипулира со здравјето на граѓаните
Грубо пласирана и непроверена лажна вест за стотици затруени во скопска сендвичарница, е денешната изјава на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со која, по кој знае кој пат, неаргументирано ја напаѓа за негрижа за јавното здравје работата на Агенцијата за храна и ветеринарство.