Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Март 2019

ЦЕФТА

Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) е трговски договор меѓу земјите кои не се членки на ЕУ,  а чии членови се земји од Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Македонија, Молдавија, Србија, Црна Гора и Косово. Република Северна Македонија е членка на ЦЕФТА договорот од 2006 година.

Активно се работи на подготовка на првото законско решение за донирање храна

06.03.2019

Дефинирање на надлежностите на сите надлежни институции кои ќе го креираат законското решение за регулирање на донирањето на вишоците храна од операторите преку интензивирање на соработката на невладините организации кои непосредно ќе бидат вклучени во дистрибуцијата на храната до крајните корисници. Ова се дел од заклучоците од денешниот работен состанок на работната група за изработка на Законот за донирање на вишокот храна кој се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како институција координатор на овој процес.

Национален совет за безбедност на храна и храна за животни

Национален совет за безбедност на храната и храната за животни дава научни совети и научна и техничка поддршка во однос на политиките на областите кои имаат директно или индиректно влијание врз безбедноста на храна и храна за животни, здравје и благосостојба на животни.

Национален совет дава независни мислења и препораки и пренесува информации за постоење на ризик со цел да се зголеми довербата на потрошувачите и да се унапреди усогласеноста меѓу функциите на процена на ризик и пренесување на информации за постоење на ризик.

Во јануари спроведени 5103 инспекциски контроли

01.03.2019

Врз основа на воспоставениот интегриран систем на контрола, со цел елиминирање на можнoста на пазарот да се пласира небезбедна храна, спречување на евентуални труења и инфекции и заштита на правата на потрошувачите, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во јануари годинава, спроведоа вкупно 5103 инспекциски надзори. Од нив, 3790 редовни, 488 контролни и 825 вонредни контроли. 

Позитивно оценет документираниот Систем за квалитет на АХВ

01.03.2019

Агенцијата за храна и ветеринарство доби позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS за документираниот Систем за квалитет, согласно барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015, по спроведената прва редовна проверка, откако лани Агенцијата стана прва државна институција сертифифицирана согласно барањата на стандардот за квалитет. На 26 февруари, 2019 година во Агенцијата за храна и ветеринарство од страна на аудитори на надворешното сертификациско тело MQS, партнер на Quality Austria беа проверувани реализацијата на услуги по сектори и одделенија, процесот на лидерство