Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Активно се работи на подготовка на првото законско решение за донирање храна

06.03.2019
Активно се работи на подготовка на првото законско решение за донирање храна

Дефинирање на надлежностите на сите надлежни институции кои ќе го креираат законското решение за регулирање на донирањето на вишоците храна од операторите преку интензивирање на соработката на невладините организации кои непосредно ќе бидат вклучени во дистрибуцијата на храната до крајните корисници. Ова се дел од заклучоците од денешниот работен состанок на работната група за изработка на Законот за донирање на вишокот храна кој се одржа во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како институција координатор на овој процес. Во законското решение, според заменик директорот на АХВ Фирус Мемед, вградени и прилагодени на нашите услови ќе бидат постојните законски решенија и искуствата од европските и од земјите од регионот во дефинирањето на стандардите за донирање на храна, чија основа ќе биде безбедноста на храната.

Од иницијативата на невладиниот сектор за законско дефинирање на условите за донирање на храна, одржани се неколку состаноци на работната група, во рамки на кои е потврдена потребата за создавање на првото законско решение за регулирање на донирањето на храна во нашата земја. Блаже Јосифовски, претставник на Системот за донирање на вишок храна „Сите сити“ на невладината „Ајде Македонија“, истакна дека првото законско решение од ваков тип, е во интерес на досегашните 460 илјади граѓани, кои според анализите на здружението, имаат потреба од дополнителен оброк, но и на бизнис заедницата. Придобивките ќе бидат големи и од економски и од аспект на заштита на животната средина. Како што објасни тој, иако може да се искористат и да нахранат голем број граѓани, сега за жал, огромни количини храна, најголем дел земјоделски производи, но и храна од малопродажбата на која и истекува рокот на употреба, завршуваат на депониите.

Креирањето на одржлива програма за поддршка на ранливите категории граѓани, преку донирање на храна од страна на бизнис операторите, во кој активно ќе бидат вклучени невладиниот сектор и државата, за што постои целосна поддршка од Владата, според заменик директорот Мемед, треба да биде во насока на создавање и обезбедување на целосна следливост на храната која ќе се донира и гарантирање на нејзината безбедност за крајните потрошувачи.

Претставникот на Националниот демократски институт информира дека на работилницата која неодамна ја организира Институтот а која се одржа во Охрид, учествуваа сите државни институции, невладиниот сектор и претставници од бизнис заедницата и на неа беше симулиран целокупниот процес на донирањето храна. Како што рече тој, креирано било и нацрт законско решение на кое активно ќе работат сите вклучени во системот на донирањето храна, а со кои директно ќе се помагаат ранливите категории граѓани.
Првото законско решение за донирањето храна ќе ги интегрира безбедноста на храната, социјалната политика, финансиите, невладиниот сектор и бизнис заедницата и други области и во иднина, според оценката на државните институции и невладиниот сектор, ќе биде основа за отворање на нови работни места.

Категорија