Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Уништени небезбедните пирошки кои предизвикаа труење во штип и кочанско

03.05.2018
Агенција за храна и ветеринарство
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, вчера доцна попладне извршија запленување и уништување на околу 300 килограми небезбедна храна (смеса за подготовка на пирошки, пирошки, јајца) затекнати при инспекциската контрола во објект кој не е одобрен и регистриран од Агенцијата за храна и ветеринарство. Спроведената истрага утврди дека небезбедните пирошки кои предизвикаа дополнителни труења со храна, по Штип и во Кочанско, се произведувале нелегално, во домашни услови, во објект кој се наоѓал непосредно над операторот со храна ДПТУ „ Гицов „ ДООЕЛ од Кочани кој на 25 април беше затворен од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Небезбедните производи се повлечени и уништени меѓу кои и пирошките кои биле дистрибуирани на пазарот. Со одземањето, спречувањето на нелегалното подготвување и дистрибуирање на небезбедните пирошки и нивно нештетно уништување под надзор на инспектор за храна, затворена е истрагата за овој случај на труење со храна, за што сторителот на делото ќе биде прекршочно и кривично гонет од страна на надлежните државни органи. Агенцијата за храна јавно се заблагодарува на граѓаните за дадената соработка при решавањето на овој случај.
Категорија