Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Постапка за одобрување

З А К О Н

ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ХРАНАТА

(ПРЕЧИСТЕН ТЕКСТ)

Службен весник на РМ, бр. 123 од 22.07.2015 година

Член 150

(Член 55 од Законот објавен во „Службен весник

на Република Северна Македонија бр. 187/13“)

Се забранува производство, ставање во промет, увоз во Република Северна Македонија на храна и производи од храна кои содржат ГМО или се составени од ГМО.

Агенцијата  спроведува  официјална  контрола  за  утврдување  на  спроведувањето  на забраната од ставот (1) на овој член.

Директорот  на  Агенцијата  го  пропишува  начинот  на  вршењето  на  официјалната контрола на забраната за производство, ставање во промет, увоз во Република Северна Македонија на  храна  и  производи  од  храна  кои  содржат  ГМО  или  се  составени  од  ГМО,  по  претходно добиена согласност од Владата на Република Северна Македонија.

Одредбите од ставовите (1), (2) и (3) на овој член ќе се применуваат до пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската унија.