Храната за посебна нутритивна употреба пред да се стави на пазарот во Република Северна Македонија треба да биде одобрена од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Храната за посебна нутритивна употреба се одобрува согласно постапката опишана во Правилникот за начинот и постпаката за издавање на мислење формата и содржина на барањето потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање мислење по барање на странката за производство и увоз на храна за посебна нутритивна употреба, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот што ги исполнуваат посебните барања за безбедност како храна за посебна нутритивна употреба (Сл. Весник на РМ бр. 182/2015).