Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Легислатива

Република Северна Македонија има воспоставено правна рамка за регулирање  на ГМО храната , со цел да се осигура дека развојот на модерната биотехнологија и нејзината употреба во производството на храна е безбедна по здравјето на луѓето. 

Законот за генетски модифицирани организми и Законот за безбедност на храната ја уредуваат законската рамка за ГМО храната. Подеталните правила односно посебните барања за безбедност на ГМО храна, означувањето и барањата за следливост на прехранбените производи кои содржат ГМО храна или се составени од ГМО и барањата за следливост на храната произведена од ГМО  се  уредени во Правилникот за посебните барања за безбедност на храна која содржи или е произведена од генетски модифицирани организми.

 Оваа правна рамка се стреми кон обезбедување на високо ниво на заштита на здравјето на луѓето, заштита на животната средина и на интересите на потрошувачите.