Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Агенцијата за храна и ветеринарство и годинава се приклучува со поддршка на глобалната иницијатива за одбележување на 28 Септември, Светски ден на борбата против беснило, кој под мотото ,,Сите за еден, едно здравје за сите,, се надоврзува на успехот на концептот „Едно здравје“ од 2022 година. Фокусот е ставен на соработката, еднаквоста и зајакнувањето на здравствените системи во борбата со беснилото, за постигнување на глобалната цел - нула човечки смртни случаи од беснило пренесено од кучињата до 2030 година (# ZeroBy30).
Бабовски за Слободен печат:Мораме да научиме да живееме со африканската свинска чума и да спроведуваме мерки
Повеќе од 13.700 свињи од сите возрасти се уништени во Македонија за да се спречи ширењето на африканската свинска чума. Со оваа болест, мора да научиме да живееме, но мора да се почитуваат мерките и препораките за нејзино сузбивање, а и сите одговорно да се однесуваме, порачува Николче Бабовски, директор на Агенција за храна и ветеринарство, во интервју за „Слободен печат“.
Навреме се преземени сите мерки за спречување на ширење на болеста
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите на Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ кој во видео изјава, неаргументирано лицитира со бројки, тврдејќи дека на фарма во Карбинско Тарици од свинска чума се заболени 10 илјади свињи. Како одговорна институција одговорно тврдиме дека станува збор за изолиран случај на 9 заболени животни на едно одгледувалиште кај кои е потврдено присуство на вирусот на болеста африканска свинска чума.