
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Европската комисија со одлична оценка за АХВ за напредокот во евроинтеграциите
Европската комисија (EK), како и за 2017 година, и во овој извештај, оценувајќи ги завршените активности на Агенцијата за храна и ветеринарство за 2018 и првата половита на 2019 година, даде одлична оценка за постигнатиот напредок во евро - интеграциските процеси за Поглавјето 12 - Безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика. Со ваквата проценка на Комисијата, Агенцијата за храна и ветеринарство се вброи меѓу петте институции во државава кои добија највисока оцена.
Презентирани искуствата на АХВ во спроведување на инспекциските контроли на граничните премини
На покана на Светската Банкарска Групација и Австриското министерството за финансии, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство ДВМ Зоран Атанасов, од 21 до 23 мај, во Виена Австрија, зема активно учество на Регионалниот настан за мерење на достигнувањата на агенциите кои се наоѓаaт на граничните премини.