
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Македонија стана дел од интегрираниот глобален систем за управување со податоци за здравјето на животните
Преку Aгенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Македонија, од вчера и официјално стана дел од единствената глобална платформа за управување со податоци за здравјето на животните. Таа ги интегрира информативните системи за нотификација на болестите кај животните на Европската комисија (ADIS) како центар за управување со податоците за здравјето на животните во Европската унија (ЕУ) и Светскиот информативен систем за здравје на животните (WAHIS)
Во Кавадарци отворен регионалниот стационар за бездомни кучиња “Шепа”
Денес, директорот на Агенција за храна и ветеринарство Оливер Миланов, заедно со владината делегација предводена од Премиерот на Република Македонија проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Кавадарци Митко Јанчев, присуствуваше на отворањето на Регионалниот центар за згрижување на бездомни животни и ветеринарно здравство во општина Кавадарци “Шепа”.