Работен состанок со Др Лутфи Сунар, Ректор на Интернационалниот Балкански Универзитет Скопје и Сејхан Муртезан Ибраими, Генерален секретар на оваа високобразовна научна установа
Агенцијата за храна и ветеринарство од 6 декември започна со втората овогодинешна кампања за орална вакцинација на лисиците и дивите карнивози против болеста беснило.
Зголемена безбедност на храната која се внесува во државата преку заеднички и координиран пристап на Царинската управа и Агенцијата за храна и ветеринарство, како и олеснување и забрзување на легалната трговија.
Инспектори за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), по наредените мерки за генерално чистење и дезинфекција на објектот, опремата и машините во кујната во ОУ “Димо Хаџи Димов”, денес, повторно земаа брисеви од работните површини во кујната, со цел утврдување на најзината безбедност.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски и Илија Георгиев, раководител на Одделението за координација и контрола на лабораториите, од 26 до 29 септември учествуваат на 61 - Меѓународна конференција на месната индустрија која се одржува во Златибор
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ДПТУ АВТ Интернационал, од пазарот врши отповикување на Јана витамини Happy портокал од 0,5 и 1,5л, поради утврдено присуство на етилен оксид.
Како дел од многубројните настани кои се организираат со цел одбележување на Светскот ден против беснило- 28 септември, на глобално ниво, Регионалното претставништво на ОИЕ за Европа организира вебинар
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М Дооел, од пазарот врши отповикување на сладоледи БАУНТИ ЕКСТРА стапче 1х24 (51.6 гр), поради утврдено присуство на етилен оксид.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна ТДПТГМ РУДИНЕ ММ ДОО Скопје, од пазарот врши отповикување на АЛПРО БИО КОКОСОВ НАПИТОК од 1L, поради утврдено присуство на етилен оксид.