Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Агенцијата за храна и ветеринарство го ресертифицираше воведениот Систем за квалитет и во услови на глобална COVID 19 пандемија доби позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS за функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса.
Се интензивира соработката на РСМ и САД и на полето на безбедноста на храната
Интензивирање на соработката на полето на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните меѓу Република Северна Македонија (РСМ) и Соединетите американски држави (САД), преку унапредување на институционалната и бизнис соработка, се дел од темите на кои во рамки на денешниот работен состанок, разговараа директорот на Агенц
Уште едно жариште на африканска свиснка чума во Србија, донесено ново решение за забрана
Поради појава на ново жариште со болеста африканска свинска чума во Република Србија и спречување на можноста за евентуално нејзино пренесување и ширење и во Република Севрна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство денес донесе решение со кое го забрани увозот и транзитот на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло кои потекнуваат и транзитираат низ Република Србија.
Граѓаните јадат безбедно овошје и зеленчук
Паушални и невистинити се тврдењата објавени денес на интернет порталот skopjeinfo.mk, со кои во текстот со наслов “Домати и краставици во јануари - од пазар се враќаме со ќеси полни отрови”, тенденциозно и без аргументи, на граѓаните им се пласираат невистини бека јадат небезбедно овошје и зеленчук.