Енергетскиот пијалок не смее да се меша со алкохол, забрането е да го консумираат деца и млади луѓе до 18 години возраст, како и лица преосетливи на кофеин, беше потенцирано на работилницата за едукација на учениците од скопската гимназија Георги Димитров
Под мотото “Рака за рака за подобра храна и подобра иднина”, Агенцијата за храна и ветеринство (АХВ) се придружи на настанот кој го организараше Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите Нации – ФАО за одбележување на 16 Октомври- Светски ден на храната.
Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во септември годинава спроведоа инспекциски контроли во училишните и кујните во градинките на територијата на цела држава.
Употребата на енергетски пијалоци меѓу учениците значително е зголемена бидејќи со нивната конзумација тие имаат повеќе енергија и моментално ја подобрува нивната концентрацијата, но на долг рок овие пијалоци можат да предизвикаат сериозни здравствени последици.
Агенцијата за храна и ветеринарство оваа година се приклучи на 19-тиот Светски ден на беснило - 28 септември. Овогодинешното мото „Делувајте сега: вие, јас, заедниците“ Ве повикува вас, мене и нашите заедници да преземеме одговорност, да работиме заедно и да поттикнеме вистински промени.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни - RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) активно се вклучи во симулациската вежба по прва помош во итна ситуација–земјотрес - „Хуманитарен одговор 2023”, која денес се одржа во Скопје, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски учествуваше во централниот дневник на Македонската телевизија – “Тема на денот”. Акцент во разговорот беше ставен на состојбата со увезеното млеко и пробиотски јогурт од Србија
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со реализација на циклусот обуки за обновување и за стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи