Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Северна Македонија се приклучува на кампањата на ЕФСА за подигнување на свест на јавноста за Африканската чума кај свињите
Со појавата на Африканската чума кај свињите на територијата на европскиот континент, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија започна со донесување и спроведување голем број превентивни мерки како што се подигнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, воспоставување на мониторинг на присуство на Африканска чума кај дивите свињи, изготвување апликација за пријавување на угинати диви свињи.
Бабовски избран за нов Генерален секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, во рамки на јубилејното 90 - то Генерално Собрание на Делегати на Светската
организација за здравствена заштита на животните (WOAH), кое оваа недела се одржува во Париз, Франција, денес е едногласно избран за нов Генерален
секретар на регионалното претставништво на WOAH за Европа кое е надлежно за вкупно 53 држави.