Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Проценка на мерките за контрола на болестите од категорија А од Законот за здравствена заштита на животните на ЕУ: Њукастелска болест

13.12.2021
Проценка на мерките за контрола на болестите

Европската комисија и додели мандат на Европската агенција за безбедност на храна да направи проценка на ефикасност на некои од мерките за контрола на болести кои се наоѓаат на листата на категорија А согласно Регулативата (ЕУ) 2016/429 за трансмисивни болести кај животните (‘Закон за здравствена заштита на животните на ЕУ’). Ова научно мислење е дел од низата научни мислења каде ќе се направи проценка на мерките за контрола на болести, а ова научно мислење ги опфаќа мерките за контрола на Њукастелска болест. Во ова научно мислење, Европската агенција за безбедност на храна и експертите од научниот панел за здравствена заштита и благосостојба на животните прават ревизија на:

(i) клиничките и лабораториските процедури за земање примероци, 

(ii) периодот за мониторинг и 

(iii) минималниот радиус на зоната под заштита и под назор, како и минималното времетраење на мерките кои треба да се применуваат во овие зони. 

Генералната методологија која се применува во овој сет на научни мислења е веќе објавена, а пред почетокот на проценката беа дизајнирани и договорени неколку сценарија за кои требаше да се проценат овие контролни мерки.

Периодот на мониторинг (21 ден) беше проценет како ефикасен кај невакцинирани јата на кокошки и мисирки, иако постои голема несигурност во однос на ефикасноста на овој период кај вакцинирани галиформни јата и јата со други видови птици. Исто така се донесе заклучок дека зоните под заштита (3 км радиус) и надзор (10 км радиус) содржат 99% од инфекциите од инфицираните објекти. 

Препораките дадени за секое од проценетите сценарија имаат за цел да ја поддржат Европската комисија во процесот на подготовка на дополнителни законски акти, како и за веродостојни ад хок барања во врска со Њукастелска болест.

Целиот текст на научното мислење може да се прочита на следниот линк:
https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/pdf/10.2903/j.efsa.2021.6946

 

Ознаки
Категорија