Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Измена на постојните максимално дозволени нивоа на резидуи од флуроксипир (fluroxypyr) во лук власец, листови целер, магдонос, мајчина душица, босилек и јастиви цвеќиња

27.10.2020
Измена на постојните максимално дозволени нивоа на резидуи од флуроксипир (fluroxypyr) во лук власец, листови целер, магдонос, мајчина душица, босилек и јастиви цвеќиња

На барање на Европската Комисија, Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА), направи ревизија на постојните максимално дозволени нивоа на резидуи (МДН) од флуроксипир (fluroxypyr) во одредени земјоделски производи.

Иницијативата потекна од барателот Landesanstalt für Landwirtschaft und Gartenbau (LLG), кој согласно член 6 од Регулативата (ЕК) бр. 396/2005, достави две апликации до надлежниот национален орган во Германија за изменување на постојните максимално дозволени нивоа на резидуи (МДН) за активната супстанција флуроксипир (fluroxypyr)  во лук власец, листови целер, магдонос, мајчина душица, босилек и јастиви цвеќиња. 

Податоците доставени во прилог на барањето се покажаа како доволни за да се добијат предлози за МДН за разгледуваните производи, со исклучок на мајчина душица за која предлженото максимално дозволено ниво е предмет на дополнително разгледување.

Контролата на резидуи од флуроксипир во разгледуваните производи се врши со соодветни аналитички методи при валидиран лимит на квантификација (LOQ) од 0,01 мг/кг. Врз основа на резултатите од проценката на ризикот, ЕФСА заклучи дека внесувањето резидуи што произлегуваат од употребата на флуроксипир согласно пријавените земјоделски практики, не претставува ризик по здравјето на потрошувачите.

Целиот текст на мислењето на ЕФСА може да се прочита на следниот линк:https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/10.2903/j.efsa.2020.6273

Ознаки
Категорија