На барање на Европската Комисија, Европската Агенција за безбедност на храна (ЕФСА), направи ревизија на постојните максимално дозволени нивоа на резидуи (МДН) од флуроксипир (fluroxypyr) во одредени земјоделски производи.
Иницијативата потекна од барателот Landesanstalt für Landwirtschaft und Gartenbau (LLG), кој согласно член 6 од Регулативата (ЕК) бр. 396/2005, достави две апликации до надлежниот национален орган во Германија за изменување на постојните максимално дозволени нивоа на резидуи (МДН) за активната супстанција флуроксипир (fluroxypyr) во лук власец, листови целер, магдонос, мајчина душица, босилек и јастиви цвеќиња.
Податоците доставени во прилог на барањето се покажаа како доволни за да се добијат предлози за МДН за разгледуваните производи, со исклучок на мајчина душица за која предлженото максимално дозволено ниво е предмет на дополнително разгледување.
Контролата на резидуи од флуроксипир во разгледуваните производи се врши со соодветни аналитички методи при валидиран лимит на квантификација (LOQ) од 0,01 мг/кг. Врз основа на резултатите од проценката на ризикот, ЕФСА заклучи дека внесувањето резидуи што произлегуваат од употребата на флуроксипир согласно пријавените земјоделски практики, не претставува ризик по здравјето на потрошувачите.
Целиот текст на мислењето на ЕФСА може да се прочита на следниот линк:https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/10.2903/j.efsa.2020.6273