Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Прв пат по 23 години се извезе македонско јагнешко месо во Јордан

12.05.2020
Прв пат по 23 години се извезе македонско јагнешко месо во Јордан

За прв пат после 23 години и со авионски карго транспорт, вчера се изврши извоз на свежо разладено македонско јагнешко месо во Јордан. Се работи за извоз на 2.000 јагниња, откупени од домашните одгледувачи на овци, кои со авионски транспорт вчера доцна попладне се извезоа во Јордан.

 

 

 

Овој извоз го најавивме уште пред два месеци, барајќи алтернативни пазари за извоз на јагнето и за решавање на кризата за извозот на јагнето поради пандемијата од вирусот КОВИД 19, и целта ја остваривме. После 23 години, денес повторно македонското јагне се извезува во Јордан. Околу 30 тони свежо разладено македонско јагне заминува на пазарот во Јордан, изјави министерот Димковски.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Зоран Атанасов посочи дека со отворањето на пазарот во Јордан, се отвораат нови пазари не само за јагнето туку и за другите македонски земјоделски производи.

 

Извоз јагнешко месо Јордан

 

Преговорите со надлежните служби од Јордан почнаа уште на почетокот на годината. Успешно ги завршивме со усогласување на здравствено - ветеринарниот сертификат за извоз на македонско јагне во Јордан, и еве започна првиот извоз. АХВ и понатаму останува посветена да работи на отворање на нови пазари и да ги договара со странските земји здравствените гаранции за македонското јагне, изјави директорот Атанасов.

Поради пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД 19, годинава извозот на јагниња се одвива со намален интензитет, особено на традиционалните пазари. Од почетокот на извозот на јагне, МЗШВ и АХВ беа во постојана комуникација со амбасадите, откупувачите и одгледувачите на јагне со цел да најдат пазари за македонското јагне. Поради кризната ситуација, за да им се помогне на одгледувачите на овци, МЗШВ ја зголеми вкупната финансиска поддршка за женско јагне на 2.500 денари по грло.
 

Ознаки
Категорија