Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Европската агенција за безбедност на храна неодамна го објави годишниот извештај за активностите кои ги има спроведено во 2016 година во однос на ризиците кои се појавуваат, и истиот е достапен на следниот линк
Со цел унапредување на здравјето и подигнување на свеста на најмладата група граѓани – децата за прашања поврзани со безбедноста на храната и исхраната и реализирање на правото на едукација кое го имаат граѓаните на нашата држава, вклучително и децата, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и почна со реализација на Програмата за едукација на децата од предучилишна возраст во Република Северна Македонија.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, вчера, се обрати на свечената академија која се одржа во рамки на одбележувањето на јубилејот „90 години ветеринарна наука и едукација во Македонија” на Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје. Одбележувањето на јубилејот е по повод основањето на првата ветеринарна научна и едукативна институција во Македонија, Ветеринарно одделение во рамки на Хигиенскиот завод во Скопје основан 1927 година, од кој подоцна настанува Ветеринарниот институт кој, пак, од 2004 година работи во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.
Реализиран е првиот извоз на производи од риба на пазарот на соседна Грција, по ставањето на Република Северна Македонија на листата земји чии објекти се одобрени за извоз на ваков тип производи на пазарот во Европската унија во септември годинава. Компанијата “Метро”од Скопје, која денес ја посети директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, деновиве го реализира првиот извоз на производи од риба на пазарот во соседна Грција, по добивањето на одобрението од страна на Европската комисија.
Европската агенција за безбедност на храна објави научен извештај за “Епидемиолошка анализа Африканска чума кај свињи во балтичките земји и Полска”.
Комуникација и соработка од интерес на Агенцијата за храна и ветеринарство како државна институција и холандските оператори увозници на храната договорија не денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и Андри ван Менс, заменик амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, викендов одржаа работен состанок на кој дискутираа за теми кои се од заеднички интерес, а кои се во надлежност на двете институции.
Најголем дел од етикетите на прехранбените производи во Македонија ги имаат основните информации за содржината и квалитетот, покажува истражувањето. Истражување на етикетите на одредени прехранбени производиво малопродажната мрежа,, што го спроведе Организацијата на потрошувачи на Македонија за Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на владината Програма за заштита на потрошувачите за 2017/2018 година.
На 7 февруари 2018 година во Утрехт, Холандија, Европската Агенција за Безбедност на Храна (EFSA) организира Собрание за истражување на проценка на ризик (RARA). Собранието е предвидено да се одржи како динамичен и интерактивен настан на кој експертите од EFSA и претставниците на националните истражувачи институции ќе имаат можност да дискутирааат на тема “Проценка на ризик во однос на безбедност на храната” и учесниците ќе имаат можност своите идеи да ги претстават во вид на постер или кратка презентација.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби потврда дека и во 2018 година, Европската унија, парично или со вакцини, ќе ја поддржи Република Северна Македонија во преземање на активностите за справување со болеста Јазлеста кожа. Потврдата за поддршка од Унијата, АХВ ја доби на петтиот работен состанок на Постојаната експертска група за Јазлеста кожа за Југоисточна Европа, кој минатата недела се одржа во Будва, Република Црна Гора на кој присуствуваа експерти од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, oрганизацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации – ФАО, сите земји од регионот, земји членки на ЕУ кои граничат со регионот, како и претставници од Турција, Украина и Русија.