Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со епидемиолог од Центарот за јавно здравје и претставници од Санитарно здравствениот инспекторат, викендов во Виница, извршија вонредна инспекциска контрола во угостителски објект – сендвичарница, по добиено известување дека има лица затруени со храна.
Разгледување и анализа на ситуацијата со здравствената состојба кај животните во регионот во периодот 2017-2018 година, со посебен акцент на состојбата со присуството на болестите Африканска свинска чума, Чума кај малите преживари, Авијарна инфлуенца и болестите кај водените животни, беа дел од темите на 28 Конференција на ОИЕ – Регионална комисија за Европа, која од 17 до 21 септември се одржа во Тбилиси, Грузија. На конференцијата учествуваа 42 земји членки на ОИЕ од регионот, вклучително и Република Северна Македонија.
Зајакнување на контролите за заштита на домашните свињарски фарми од болеста Африканска свинска чума, која е веќе присутна во некои земји од регионот, спроведување на мерката донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија за увоз на замрзнато свинско месо за преработка и акредитираните методи за испитување на замрзнато свинско месо се темите на кои на денешниот работен состанок разговараше заменик директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Фирус Мемед со претставници од Групацијата на производители на свинско месо при Стопанската комора на Македонија.
Организацијата на потрошувачите на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство го издадоа шестиот број на е-билтенот „Потрошувачите и храната“. Билтенот се подготвува и издава во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2018-та година. Во шесттиот број на е- билтенот можете да прочитате како најлесно да најдете органска храна во Република Северна Македонија со помош на апликацијата Органски свет.
Европската агенција за безбедност на храна - ЕФСА, подготви едукативен анимиран филм со практични совети за препознавање на симптомите болеста Африканска свинска чума, за превентивните мерки кои треба да се преземат со цел спречување на нејзина појава и ширење, за симптомите по кои болеста може да се препознае.
Агенцијата за храна и ветеринарство, за прв пат, ќе врши испитувања дали на македонскиот пазар има храна третирана со јонизирачко зрачење, согласно Мониторинг програма за безбедност на храна. Испитувањата ќе се вршат во Интегрираната лабораторија за примена на јонизирачки зрачења при Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Се зајакнуваат биосигурносните мерки на фармите со свињи во државава, а паралелно се спроведува и процесот на нивно категоризирање со цел утврдување на степенот на ризик и проценка дали и колку се спроведуваат мерките за здравствена заштита и благосостојба на животните. Ова го најави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов при посетата на свињарската фарма ,,Агро софт,, од Велес, потенцирајќи дека ова е 78 категоризирана фарма за одгледување на свињи од евидентираните 90 со последниот попис кој го спроведе Агенцијата.
Од генетски модифицираните организми регистрирани во светски рамки, досега не е евидентиран ниту еден штетен случај врз здравјето на луѓето, рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на трибината „ГМО, ГМО-Храна И ГМО-храна за исхрана на животни“, која ја организираше Здружението за земјоделство и прехранбена индустрија при Стопанската комора на Македонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство.
Во базата на податоци на ветеринарно информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство досега се евидентирани 9.200 домашни миленици. Агенцијата ги потсетува сопствениците на миленици дека во тек е кампањата за микрочипирање на милениците - кучиња и мачки, за што Агенцијата обезбеди 100 илјади бесплатни микрочипови.
При реализација на Програмата за мониторирање на безбедноста на храната во Република Северна Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство откри две пратки со производи позитивни на ГМО, објави на денешната прес конференција директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов.