
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, денес, со Благој Димитров, управител на Друштво за градежништво,трговија и услуги БАУЕР БГ ДОО Скопје, го потпиша договорот вреден 515.202.937,62 денари, за изградба на новата административна зграда со лабораториски простории на Агенцијата за храна и ветеринарство.
АХВ ги олабави мерките за болеста африканска чума кај свињите
Поради позитивната епидемиолошка состојба со болеста африканска чума кај свињите, Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение со кое олабавуваат мерките за заштита од вирусот. Се укинуваат заштитната ( 3 км) и зоната под надзор (10 км) околу двете жаришта во Делчевско, каде, во координација и соработка со локалната самоуправа, Министерството за внатрешни работи, ветеринарните друштва и одгледувачите на свињи, со цел спречување на ширење на вир...
Директорот Бабовски одржа работен состанок со Ветеринарната комора
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес одржа работен состанок со претставници на Ветеринарната комора на кој беа разгледани иницијативите на Комората за намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за ветеринарните услуги и за зголемување на нивните цени, за активностите кои се од јавен интерес, а кои ги спроведуваат ветеринарните друштва.