Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

 
ADC-FSS

Бабовски одржа работен состанок со Џерек Бас, нов политичко - економски советник на Амбасадата на САД во земјава

24.11.2021
Директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, денес, оствари работен состанок со г- дин Џерек Бас, нов политичко – економски советник во Амбасадата на Соединетите Американски држави во Република Северна Македонија. На состанокот беа презентирани приоритетите и активностите на Агенцијата за храна и ветеринарство и разгледани беа полињата за унапредување и насочување на идната меѓународна соработка. 

Светска недела за свеста на антибиотиците

18.11.2021
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и оваа година, од  18 до 24 ноември се приклучува кон глобалната кампања за одбележување на Светската недела за свеста за антибиотиците (World Antibiotic Awareness Week) и Европскиот ден за свеста за антибиотиците (European Antibiotic Awareness Day).

Бабовски, копретседавач на првиот состанок на Регионалниот форум на шефовите на ветеринарните служби од Западен Балкан

11.11.2021
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски,  во својство на копретседавач, денес и утре во Сараево, Република Босна и Херцеговина, учествува на првиот состанок на Регионалниот форум на шефовите на ветеринарните служби од Западен Балкан.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-динот Николче Бабовски, денес во Битола оствари два работни состаноци

29.10.2021
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-динот Николче Бабовски, денес во Битола оствари два работни состаноци и тоа со деканот на ветеринарниот факултет во Битола, проф. д-р Никола Караболовски, и со директорот на средното земјоделско училиште, г-дин Благојче Кривевски. Во рамките на овие две посети, г-дин Бабовски со своите домаќни разговараше за капацитетите на двете образовни институции и беа разменети искуства од областа на образованието и земјоделството.
 Соопштенија АРХИВА НА ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ  Видео
IPA