Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) денес спроведоа вонреден надзор во скопското јавно комунално претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ по викендов спроведените активности за санација, реконструкција и модернизација на градската водоводна мрежа и извршените испитувања на безбедноста на водата за пиење
Дигитализацијата на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е процес што го означува почетокот на новата ера во унапредувањето на работењето на институцијата, зголемена транспарентност и подобра ефикасност
Соопштение за покажување на интерес за именување на пет члена од редот на истакнати стручни и научни лица од областа на заштитата и благосостојбата на животните и едно лице претставник на невладините организации заради формирање Комисија за заштита и благосостојба на животните.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжи со спроведување на нов циклус работилници за запознавање на одгледувачите на овци и кози со ризиците и начините на внесување на болеста чума кај малите преживари, која од неодамна е потврдена и во соседна Бугарија.
По доставената иницијатива од граѓани за спроведување на вонреден инспекциски надзор, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) во Скопје, спроведе контрола во кај оператор со храна кој стопанисува со киосци ( тобако), каде е затекнато поголемо количество небезбедна храна со поминат рок.
Врз основа на лани спроведените скоро 50 илјади инспекциски контроли, констатирани се само 69 неправилности во однос на несоодветна и нецелосна декларација на производите и доведување во заблуда на потрошувачите.
Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО) во соработка со Универзитетот на Калифорнија, Лос Анџелес (University of California, Los Angeles, Resnick Center for Food Law and Policy), објави труд на тема „Меѓународни и национални регулаторни стратегии за борба против измамите со храна“
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М ДООЕЛ ги отповикува слдаоледите ТВИКС ЕКСТРА на стапче, поради присуство на Етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето...
Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека операторот со храна Атлантик Траде Скопје отповикува Киндер производи, поради можно присутво на Салмонела...
Контролата се спроведе врз основа на добиеното известување од компанијата ФЕРЕРО д.о.о од Загреб, Република Хрватска, со кое информира дека од превентивни причини од пазарот во Република Северна Македонија се повлекуваат неколку серии од Киндер производите...