Децата од градинката „Чекорче“ учеа за одговорно сопствеништво
Стотина дечиња од три групи од детската градинка „Чекорче” во скопската населба Аеродром, денес беа дел од едукативниот настан на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за промоција на одговорното сопствеништво, која се реализира во рамки на активностите за одбележување на 28 септември, Светски ден на борба против беснило.



