АХВ: Во „Лајка“ да има боксови и за коњите заловени на градските улици
Како дел од активностите за решавање на проблемот со бездомните кучиња, утре во Скопје доаѓаат претставници од британското Кралско здружение за заштита на животни од суровост (RSPCA). Тие, заедно со претставници од Секоторот за благосостојба на животните од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), ќе го посетат новоотвореното прифатилиште „Лајка“. Како што вели за МИА директорот на АХВ, Зоран Атанасов, целта на посетата и соработката е „Лајка“ да се преадаптира во современ објект за прифаќање на кучињата-скитници со соодветни, подобри услови за згрижување.