
Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 600 денари
Преку одржување на работилници да се ги утврдат проблемите и недостатоците кои се јавуваат при изработката и донесувањето на законските и подзаконските акти, почнувајќи од иницијативата за донесување на новото решение, следејќи го текот на сите активности за негово креирање, во насока на подобрување на процедурите за носење на законските и подзаконските акти. Ова се дел од темите на кои на вчерашниот состанок разговараа директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и претставниците на Националниот демократски институт.
На македонскиот пазар нема небезбедно месо од Белгија
На македонскиот пазар не е реализиран узвоз на небезбедно месо од белгиска компанија Валомел, која според пишувањата на некои медиуми, наводно извезувала небезбедно месо на косовскиот пазар. Како контакт точка на Системот за брзо предупредување за небезбедна храна и храна за животни на Европската унија, Агенцијата за храна и ветеринарство досега нема добиено нотификација дека оваа белгиска месна индустрија има пласирано небезбедно месо во Република Северна Македонија.
Во црниот дроб на дивечот утврдени големи концентрации на кадмиум, олово и жива
Да не се јаде црниот дроб од дивечот зашто може да содржи поголема количина тешки метали од дозволената, апелира денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов. На прес-конференција Атанасов информира и дека две ловни друштва пријавиле појава на трихинелоза кај дивечот, а се следат и бруцелозата, птичјиот гирп, африканската и класичната свинска чума, како и беснилото кај лисиците. Веќе се дадени препораки, како да се постапува во случаите со трихинелоза.
Зајакнати инспекциските контроли на увозот и трговијата со јајца
“Засилени се инспекциските контроли кои се однесуваат на безбедноста и квалитетот на јајцата пред Велигденските празници. Покрај контролите на магацините, зајакнати контроли се спроведуваат и на граничните премини, при увоз, со цел на граѓаните да им се понуди безбеден и квалитетен производ. Секоја недоследност во поглед на овој прехранбен производ граѓаните и компаниите можат да го пријават на Агенцијата за храна и ветеринарство, врз основа на што ќе биде спроведена и инспекциска контрола”, соопшти првиот човек на АХВ Зоран Атанасов на состанокот кој го одржа со претставници од Групацијата за живинарство при Стопанската комора на Македонија и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Никола Бабовски.
Од утре вакцинација на говедата против Чвореста кожа
Согласно Годишната програма за здравствена заштита на животните, Aгенцијата за храната и ветеринарство од утре почнува со спроведување на вакцинација на говедата против болеста Чвореста кожа. Вакцинацијата ќе ја вршат овластените ветеринарни друштва заклучно со 31 мај. Со 230 илјади дози од вакцината, донација од Европската унија, опфатена ќе биде целата популација говеда во земјава.