Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Одржан вториот состанок на Националниот совет за безбедност на храната

22.06.2018
Одржан вториот состанок на Националниот совет за безбедност на храната

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов во својство на претседавач и членовите на Националниот совет за безбедност на храната и храната за животни го одржаа вториот состанок на ова тело кое обезбедува научна и техничка поддршка во работата на Агенцијата. На состанокот беа разгледани три актуелни теми во европски и светски рамки – има или не и колкав е ризикот од употребата на инсектицидот Фипринил, секогаш актуелната тема за ГМО храната, за која науката, институциите и бизнис секторот треба да отворат широка дебата, како и темата која од година во година станува се поактуелна, а која непосредно се однесува и ги засега и луѓето и животните – антимикробната резистентност.

Од состанокот, на кој во својство на членови учествуваа претставници од стопанските комори, науката и институциите произлегоа мислења и препораки како основа за менување или креирање на политики во овие три, исклучително интересни области кои непосредно се однесуваат и имаат директно или индиректно влијание врз безбедноста на храната и храната за животни, здравјето и благосостојбата на животните, а со тоа и на здравјето и квалитетниот живот на луѓето.


Категорија