АХВ и Амбасадата на Република Кореја потпишаа Меморандум за соработка во областа на безбедноста на храната и ветеринарството
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на Република Северна Македонија и Амбасадата на Република Кореја во Софија, надлежна и за Република Северна Македонија, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се поставува основа за унапредување на билатералните односи во областа на безбедноста на храната, ветеринарството и олеснувањето на трговската размена.





