Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Соопштение

Превентивно повлечена од пазарот храна за доенчиња на Лакталис

12.12.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство доби известување од компанијата увозник на производите од француски “Лакталис”, дека од пазарот во Република Северна Македонија превентивно е повлечен производот детска храна за доeнчиња - Целија Експерт 2, со сериски број 17Ц0012838.

Разгледано хрватското искуство за собирање и преработка на нус-производите

11.12.2017
Во периодот од 7 до 8 декември 2017 година, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-дин Зоран Атанасов, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Николовски, и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, г-дин Николче Бабовски, беа во официјалната посета на Загреб, Република Хрватска.

Ќе се зајакнува институционалната соработка со ЕФСА

11.12.2017
Во периодот од 5 до 6 декември 2017 година, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, г-дин Зоран Атанасов, учествуваше на 66 состанок на мрежата на национални координатори на Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА).

Заловениот Ротвајлер кој искаса луѓе ќе остане под официален надзор 15 дена

09.12.2017
Официјален ветринар на Агенцијата за храна и ветеринарство излеле на лице место веднаш по нападот од куче во кој завчера во скоската населба Аеродром беа повредени неколку лица. Од страна на екипите на стационарот Вардариште во текот на вчерашниот ден кучето е заловено и ставено во карантин. Извршен е клинички преглед на кучето и истото ќе остане под официјалн надзор во наредниве 15 дена во кои ќе се следи неговото однесување и евентуалното појавување на знаци на болеста беснило.

Биосигурносните мерки, основа за борба против појавата и ширењето на болеста Птичји грип

07.12.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство апелира до одгледувачите на живина да преземат превентивни мерки за да го намалат ризикот од појава или пренесување на болеста Авијарна инфлуенца, која веќе е присутна во некои од соседните и земјите од регионот. Следејќи ја состојбата со оваа болест, од страна на Агенцијата, зајакнати се активниот и пасивниот надзор, а засилени се и контролите на граничните премини при увоз на живина, месо и нус производи од месо од живина.

ОН: "Можеме да градиме системи за храна кои ќе ја подобрат човековата исхрана"

07.12.2017
Повеќе од 200 експерти и професионалци од областа на исхраната, здравството, образованието, социјалната заштита и земјоделството се состануваат од вчера во Будимпешта. Тие имаат едно нешто заедничко: уверувањето дека локалните, националните, регионалните и глобалните системи за храна би можеле да придонесат многу повеќе за да го подобрат начинот на исхрана на луѓето.

Нов извештај на ФАО: Околу 14,3 милиони возрасни лица не добиваат доволно храна, во пораст е неправилната исхрана

27.11.2017
Земјите во Европа и Централна Азија бележат напредок во намалувањето на преваленцијата на недоволна исхранетост, но околу 14,3 милиони жени и мажи во регионот сè уште не добиваат храна што им е потребна, а неправилната исхрана е во пораст, се истакнува во извештајот на Организацијата на храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО) објавен на 4.12.2017 година.

Објавен јавен повик за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните

27.11.2017
Врз основа на член 40 став (8) од Законот за ветеринарно здравство („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 113/07, 24/11, 136/11, 123/12, 154/15 и 53/16) Агенцијата за храна и ветеринарство објавува јавен повик за покажување на интерес за вршење на активности од јавен интерес од областа на здравствена заштита на животните.

Годишен извештај за активностите на ЕФСА во однос на ризици кои се појавуваат во 2016 година

23.11.2017
Европската агенција за безбедност на храна неодамна го објави годишниот извештај за активностите кои ги има спроведено во 2016 година во однос на ризиците кои се појавуваат, и истиот е достапен на следниот линк

Во тек е третиот циклус обуки на децата од градинките за храната и исхраната

21.11.2017
Со цел унапредување на здравјето и подигнување на свеста на најмладата група граѓани – децата за прашања поврзани со безбедноста на храната и исхраната и реализирање на правото на едукација кое го имаат граѓаните на нашата држава, вклучително и децата, Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и почна со реализација на Програмата за едукација на децата од предучилишна возраст во Република Северна Македонија.

Директорот Атанасов се обрати на свечената академија по повод 90 годинишнината од основањето на првата ветеринарна научна институција во Македонија

16.11.2017
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, вчера, се обрати на свечената академија која се одржа во рамки на одбележувањето на јубилејот „90 години ветеринарна наука и едукација во Македонија” на Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје. Одбележувањето на јубилејот е по повод основањето на првата ветеринарна научна и едукативна институција во Македонија, Ветеринарно одделение во рамки на Хигиенскиот завод во Скопје основан 1927 година, од кој подоцна настанува Ветеринарниот институт кој, пак, од 2004 година работи во рамки на Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје.

Реализиран е првиот извоз на производи од риба на европскиот пазар

10.11.2017
Реализиран е првиот извоз на производи од риба на пазарот на соседна Грција, по ставањето на Република Северна Македонија на листата земји чии објекти се одобрени за извоз на ваков тип производи на пазарот во Европската унија во септември годинава. Компанијата “Метро”од Скопје, која денес ја посети директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, деновиве го реализира првиот извоз на производи од риба на пазарот во соседна Грција, по добивањето на одобрението од страна на Европската комисија.

Ќе се интензивира соработката со холандските оператори со храна

07.11.2017
Комуникација и соработка од интерес на Агенцијата за храна и ветеринарство како државна институција и холандските оператори увозници на храната договорија не денешниот работен состанок директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и Андри ван Менс, заменик амбасадор на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Подобрување на состојбата со бездомни животни заеднички интерес на АХВ и Општина Аеродром

06.11.2017
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и градоначалникот на општина Аеродром Златко Марин, викендов одржаа работен состанок на кој дискутираа за теми кои се од заеднички интерес, а кои се во надлежност на двете институции.

Најголемиот дел од производите ги содржат основните информации во однос на означувањето

02.11.2017
Најголем дел од етикетите на прехранбените производи во Македонија ги имаат основните информации за содржината и квалитетот, покажува истражувањето. Истражување на етикетите на одредени прехранбени производиво малопродажната мрежа,, што го спроведе Организацијата на потрошувачи на Македонија за Агенцијата за храна и ветеринарство во рамки на владината Програма за заштита на потрошувачите за 2017/2018 година.

ЕФСА:Собрание за истражување на проценка на ризик

02.11.2017
На 7 февруари 2018 година во Утрехт, Холандија, Европската Агенција за Безбедност на Храна (EFSA) организира Собрание за истражување на проценка на ризик (RARA). Собранието е предвидено да се одржи како динамичен и интерактивен настан на кој експертите од EFSA и претставниците на националните истражувачи институции ќе имаат можност да дискутирааат на тема “Проценка на ризик во однос на безбедност на храната” и учесниците ќе имаат можност своите идеи да ги претстават во вид на постер или кратка презентација.

И во 2018 година поддршка од ЕУ за справување со болеста Јазлеста кожа

27.10.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) доби потврда дека и во 2018 година, Европската унија, парично или со вакцини, ќе ја поддржи Република Северна Македонија во преземање на активностите за справување со болеста Јазлеста кожа. Потврдата за поддршка од Унијата, АХВ ја доби на петтиот работен состанок на Постојаната експертска група за Јазлеста кожа за Југоисточна Европа, кој минатата недела се одржа во Будва, Република Црна Гора на кој присуствуваа експерти од Светската организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, oрганизацијата за земјоделство и храна при Обединетите Нации – ФАО, сите земји од регионот, земји членки на ЕУ кои граничат со регионот, како и претставници од Турција, Украина и Русија.

Граѓаните јадат безбедно месо без антибиотици и хормони

19.10.2017
Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите во текстот ,,Состојбата е алармантна! Заштитете се себе си и вашите деца: Еве како да препознаете дали месото е полно со антибиотици и хормони” објавено на интернет порталот www.skopje24.mk, а преземено од неколку други интернет изданија во кој неодговорно се тврди дека граѓаните јадат месо полно со антибиотици, хормони и адитиви.