Северна Македонија се приклучува на кампањата на ЕФСА за подигнување на свест на јавноста за Африканската чума кај свињите
Со појавата на Африканската чума кај свињите на територијата на европскиот континент, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија започна со донесување и спроведување голем број превентивни мерки како што се подигнување на биосигурносните мерки на свињарските фарми, воспоставување на мониторинг на присуство на Африканска чума кај дивите свињи, изготвување апликација за пријавување на угинати диви свињи.