На Дрисла уништени приближно 4.5 тони небезбеден путер
Денес на депонијата Дрисла уништени беа 4.325 килограми небезбеден путер со изминат рок кој го увезла млекарницата Евро Млекара ДООЕЛ Скопје. Како што истакна во изјава за медиумите директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, станува збор за количина која во рамки на двонеделната инспекцика контрола беше запленета од страна на официјален ветеринар на АХВ, како дел од 20 тонски увоз на путер од страна на компанијата, за која со контролите е утврдено дека манипулирала со документацијата за увоз и за складирање на производот, со рокот на употреба, која путерот го чувала во неодобрени објекти – ладилници за складирање на храна од животинско потекло.