Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Расте бројот на електронски поднесени претставки од потрошувачите

23.05.2023
Агенција за храна и ветеринарство

Скоро половина од 566 претставки колку што минатата година биле поднесени до Одделението за заштита на потрошувачите се електронски. Според  статистичката евиденција која ја води Агенцијата за храна и ветеринарство, од година во година расте овој тренд, односно место писмено, усно или телефонски, граѓаните и правните лица, претставките до АХВ ги поднесуваат преку електронска пошта.

Минатата година нивниот број бил 254, во 2021 скоро половина од лани поднесените електронски претставки односно 133. Од 29 во 2015 и 2016 година, 52 во 2017 и 2018 година, 60 во 2019 година, бројот на претставки електронски поднесени до Агенцијата за храна и ветеринарство во 2020 година достигна 108  претставки.

Нагорниот тренд на бројот на електронски поднесени претставки според анализата на Одделението за заштита на потрошувачите при Агенцијата за храна и ветеринарство е резултат на современиот начин на живеење кој се повеќе го наметнува, но и го олеснува ваквиот начин на комуникација и на граѓаните и компаниите со институциите. Како одговорна институција, во голем дел насочена и кон заштита на правата на потрошувачите, Агенцијата за храна и  ветеринарство ги потсетува потрошувачите дека за прашања поврзани со безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, покрај лично, писмено, електронски на info@fva.gov.mk, претставка до АХВ можат да поднесат и на бесплатната телефонска линија за потрошувачите 0800 3 22 22.

За побрзо известување по однос на тоа како е постапено по претставката, потребно е подносителот да достави податоци за себе (име, презиме и адреса на живеење). Во претставката подносителот треба да ги наведе податоците за субјектот (име, презиме и адреса на живеење), прецизно да ги опише наводите во неа и да ја достави потребната документација во прилог.

Ознаки
Категорија