Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Почнаа серијата обуки за пренесување на знањата и искуствата стекнати на меѓународните обуки

21.11.2018
Почнаа серијата обуки за пренесување на знањата и искуствата стекнати на меѓународните обуки

Согласно законските обврски за континуирана едукација пропишани во Законот за ветеринарно здравство и Законот за безбедност на храната, но и обврските кои произлегуваат од учеството на програмата “Подобра обука за побезбедна храна” под покровителство Европската комисија, во периодот 19 до 22 ноември 2018 година во Струмица, Агенцијата за храна и ветеринарство одржува прва во низата интерни обуки за пренесување на знаењето и искуствата стекнати за време на меѓународни обуки.
Агенцијата за храна и ветеринарство за прв пат ја воспостави Стратегијата за обуки на вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство во 2012, и истата сега е надградена со алатка за интерна дисеминација на знаењата со цел зајакнување на капацитетите на централно и на ниво а инспекциските служби, како и унапредување на системите за здравствена заштита на животните и безбедност на храната.
АХВЗа време на актуелната обука се опфатени теми кои произлегуваат од едни од најактуелните прашања од областа на здравствената заштита на животните, како што се: справување со болести, биосигурносни и превентивни мерки за авијарна инфлуенца и болест на чвореста кожа; контрола при комерцијално и некомерцијално движење на домашни миленици (кучиња и мачки); правна рамка, епидемиологија, биосигурносни мерки, рано откривање и надзор на африканска свинска чума.
На обуката земаат учество вкупно 75 вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство вработени на централно ниво и инспекциската служба за здравствена заштита на животните.

Категорија