Согласно законските обврски за континуирана едукација пропишани во Законот за ветеринарно здравство и Законот за безбедност на храната, но и обврските кои произлегуваат од учеството на програмата “Подобра обука за побезбедна храна” под покровителство Европската комисија, во периодот 19 до 22 ноември 2018 година во Струмица, Агенцијата за храна и ветеринарство одржува прва во низата интерни обуки за пренесување на знаењето и искуствата стекнати за време на меѓународни обуки.
Агенцијата за храна и ветеринарство за прв пат ја воспостави Стратегијата за обуки на вработените во Агенцијата за храна и ветеринарство во 2012, и истата сега е надградена со алатка за интерна дисеминација на знаењата со цел зајакнување на капацитетите на централно и на ниво а инспекциските служби, како и унапредување на системите за здравствена заштита на животните и безбедност на храната.
За време на актуелната обука се опфатени теми кои произлегуваат од едни од најактуелните прашања од областа на здравствената заштита на животните, како што се: справување со болести, биосигурносни и превентивни мерки за авијарна инфлуенца и болест на чвореста кожа; контрола при комерцијално и некомерцијално движење на домашни миленици (кучиња и мачки); правна рамка, епидемиологија, биосигурносни мерки, рано откривање и надзор на африканска свинска чума.
На обуката земаат учество вкупно 75 вработени од Агенцијата за храна и ветеринарство вработени на централно ниво и инспекциската служба за здравствена заштита на животните.
Категорија