Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Нови перспективи за јонизирачкото зрачење на храната и во Република Северна Македонија

27.02.2018
Нови перспективи за јонизирачкото зрачење на храната и во Република Северна Македонија

“За прв пат оваа година Агенцијата за храна и ветеринарство ќе врши задолжителни испитувања на тоа дали и која храна во Република Северна Македонија е третирана со јонизирачко зрачење, како една од технологиите за продолжување на рокот на производите, која според законските прописи во Република Северна Македонија задолжително треба да биде означено. Почнати се контролите за чаевите и зачините, од домашно производство и од увоз. Ова се дел од обврските кон Европската унија од Поглавјето 12, кои се однесуваат на прашањата дали во Република Северна Македонија има капацитети за јонизирачко зрачење на храната и дали се вршат контроли од овој тип. Како институција, имаме можност да вршиме мерење и детекција на храната третирана со јонизирачки зраци, но, засега во нашата држава нема капацитети за ваков третман на производите” – рече директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов на денешниот состанок со претставници од Факултетот за електроника и информатички технологии – ФЕИТ и Институтот за нуклеарни науки „Винча“ од Белград, Република Србија.

Оваа година, истакна тој, за прв пат започнуваме со реална примена на Правилникот за Правилникот за посебните барања за безбедност на храната третирана со јонизирачко зрачење кој е усогласен со европските директиви кои ја регулираат оваа област. Правилникот произлегува од Законот за безбедност за храна и со него се пропишани посебните барања за безбедностнахраната и прехранбените состојки третирани сојонизирачко зрачење кои треба да се применат вопроизводство,прометотиувозот.

-Тенденција на регионот е да соработува и на полето на трговијата со храна и нејзината безбедност, но, неопходно е креирање на државна стратегија во која во оваа област ќе се вградат интересите и на државата и на бизнис заедницата. Засега реално, потребно е овој нов концепт кој се однесува и на безбедноста на храната добро да се објасни пред граѓаните, производите и компаниите, бидејќи се работи за релативно нова материја за овие простори – додаде Атанасов.

Од први март годинава почнува со работа македонскиот Систем за известување за безбедност на храната, кој е пандан на европскиот RASSF систем. Со податоците кои ќе ги добиеме, додаде тој, ќе знаеме како институција каде да ги насочиме идните активности во контролите, вклучително и на храната која е третирана со јонизирачко зрачење.

Професор д-р Мирослав Драмиќанин директор на Институтот „Винча“, посочи дека нивната установа има долга традиција во користењето на јонизирачкото зрачење во стеризилација на медицински садови и конзервирање на храна. Можност за соработка со Република Северна Македонија постои, рече Драмиќанин, бидејќи во Македонија постои можност за детектирање на храната третирана со вакви зраци, а Србија поседува објект каде тоа може да се прави.

$1- Македонија и Србија се земјоделски ориентирани земји и реално со помош на јонизирачкото зрчење постојат можности за продолжување на ракот на употребата и подобрување на квалитетот на производите. Српските земјоделци многу малку ја користат оваа можност – посочи. Слободан Машиќ, извршен директор на Институтот „Винча“.

Професор Христина Спасевска од ФЕИТ објасни дека Факултет соработува со голем број меѓународно признати научни институции и поседува нова, калибрирана опрема за вршење на различни испитувања, а во фаза на акредитација се и некои од методите. Како што објасни Проф д-р Владимир Димчев, продекан за наука и меѓународна соработка на ФЕИТ, факултетот ја поддржува акредитацијата на методите и активно помага во соработката во голем број меѓународни проекти.

Категорија