Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Реализирана регионалната обука за справување со радиолошки и нуклеарни кризи

07.12.2018
Реализирана регионалната обука за справување со радиолошки и нуклеарни кризи

Агенцијата за храна и ветеринарство со поддршка од Меѓународната агенција за атомска енергија, денес ја заокружи реализацијата на двонеделната Регионална обука за опциите за управување при справување со радиолошки и нуклеарни кризи во системите за производство на животните. Директорот на Агенцијата Зоран Атанасов, на учесниците им додели сертификати за учество и се заблагодари за активната вклученост во реализацијата на обуката, која ја водеа експерти од Белорусија и Украина, изразувајќи надеж дека стекнатите знаења на обуката, учесниците ќе ги применат во нивните земји.

АХВПокрај претставници од Агенцијата, Факултетот за ветеринарна медицина, од Дирекцијата за радиоактивна сигурност во активностите вклучени беа и четириесеттина претставници од релевантни државни институции од 16 земји.

На обуката разменети беа искуства за системите за подготвеност кои ги имаат воспоставено земјите за обезбедување на ефективен одговор во случај на појава на радијациони и нуклеарни кризи, кои би можеле да се прошират и во регионални и во меѓународни размери. Во рамки на практичниот дел од обуката кој се реализираше на краварска фарма во Скопско, во млекарницата Здравје Радово и на свињарска фарма во Велешко, учесниците покрај со теоретското, се стекнаа и со знаење за тоа како треба да се заштитат животните и храната за животните од изложеност на радијација, како да ја контролираат вентилацијата на фармите при катастрофи од ваков тип. Практично беа демонстрирани и начините на преработка на млекото и мониторирање и контрола на млекото и млечните АХВпроизводи.

Во рамки на посетата на месната индустрија МИК од Свети Николе, од страна на експертите, демонстрирани беа начините за преработка и складирање на месните преработки во вакви услови, како и начините на мониторирање и контрола на труповите, месото и преработките од месо.

Преку двонеделната обука од областа на справување со радијациони и нуклеарни кризи се создадоа услови за зајакнување на капацитетите на сите надлежни органи и за постигнување на униформност во процесот на рано откривање на заканите од ваков тип, но и подигнување на степенот на подготвеност на државите за справување со нив. Прецизиран беше начинот на комуникација и воспоставување на координација меѓу сите засегнати страни, со цел навремено барање помош и одговарање на барањата за помош упатени од надлежните органи на други земји.

Агенцијата за храна и ветеринарство согласно своите надлежности е одговорна во случај на појава на радијациони закани од категорија 5, односно во случај на појава на радиоактивна контаминација која е последица на прекугранично ослободување на радиоактивен материјал како резултат на нуклеарна несреќа во друга земја и можен увоз на контаминирана храна и други производи од животинско потекло на територијата на Република Северна Македонија.

Категорија