Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Risk Assessment: Salmonella in Food (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4 - институционално зајакнување на проценката на ризик)

Овој научно-базиран документ, "Проценка на ризик oд Salmonella во храна" или во оригинал, на англиски јазик - "Risk Assessment: Salmonella in Food (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4 - Risk Assessment)" наменет и прикажан на телеконференција и состанок во просториите на АХВ, пред колеги и италијански експерти во рамките на завршена ИПА Проектна активност, (IPA Project Activity: ADC-FSS,Component 4) -  за институционално зајакнување на проценката на ризик го објаснува методолошкиот пристап на здравствената проценка на ризик по човековото здравје од микробиолошки опасности присутни во храната, конкретно на Salmonella spp. како приоритетен ризичен микробиолошки агенс за потрошувачите (населението, хуманата популација) во Р. Северна Македонија.

Во почетниот дел на документот содржани се табели за калкулација на скорови доделени во однос на различни критериуми објаснети во претходно прикачените документи на страницата на Одделението за проценка на ризик, за приоритизација на микробиолошки ризици во одредени видови на храна/прехранбени производи, поконкретно за најчестите комбинации патоген - храна/матрица. Понатаму наведена е идентификацијата и карактеризацијата на конкретната опасност - Salmonella spp. по човековото здравје со факти од аспект на хуманата медицина и фокус на нетифоидалната салмонелоза. Даден е и статистички табеларен приказ и хистограм/столпчест дијаграм на изолирани патогени во мострирани примероци на храна за тригодишен период (2020-2022) и тренд на вкупна бројка на позитивни мостри од храна во однос на изолирани патогени за 13 годишен период (2010-2012), деривирани од Националната База на податоци за микробиолошки и хемиски контаминенти во храната, што ја води Одделението за проценка на ризик во рамките на Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).

Од месечните извештаи за акутни заразни заболувања на Иститутот за Јавно Здравје (ИЈЗ) извлечени се податоци за бројка на хумани случаи на салмонелоза што подлежат на задолжителна пријава до оваа институција за тригодишен период (2020-2022), прикажани табеларно и за 10-годишен период (2013-2022), прикажани како столпчест-бар дијаграм и линеарен тренд. Направен е и компаративен графички приказ за трендови помеѓу пријавени хумани случаи на салмонелоза од страна на матичните лекари во приватните здравствени установи (ПЗУ), специјалистите во здравствените домови и болници, клиники, како и други установи од секундарната и терцијарната здравствена заштита до ИЈЗ и вкупен број позитивни примероци на храна во однос на Salmonella spp. за истиот 10-годишен период од анализираната Национална База на податоци за микробиолошки и хемиски контаминенти во храната што ја води СПКР.

Дадени се и статистички податоци од Годишните извештаи што ги води и редовно објавува ЕCDC (European Centre for Disease Prevention and Control) во однос на потврдени случаи на салмонелоза за 2018,2019,2020 и 2021 година, како и кратките известувања за мини-епидемиите на салмонелоза пријавени во Европа од научните и техничките публикации на ECDC, поконретно во однос на серотиповите - Salmonella agona (2018), Salmonella anatum (2020), Salmonella enteritidis (2021), Salmonella poona (2019), Salmonella typhimurium (2022), Salmonella Wirchow (2023).

На крајот прикажани се податоци за најчестите топ 10 RASFF нотификации во однос на опасност, категорија на храна/производ и земја на потекло пријавени до RASFF Порталот на Европската Комисија (EC) за тригодишен период (2020,2021,2022) како и вкупната бројка на пријавени RASFF нотификации (2161) во однос на изолирана и потврдена Salmonella spp. во одредени категории на храна за периодот 01.01.2020-15.03.2023 со доделени скорови и кодови.

Овој документ во континуирана консултација и размена на научни информации со проектните експерти од Италија и Германија, во целост е креиран на англиски јазик и ревидиран во периодот март - мај 2023-та година од страна на Д-р Виктор АРСОВ, дипломиран доктор по медицина, специјалист интернист, експерт за здравствена проценка на ризик поврзана со опасности во храната, нутриција, диететски производи и алергии, помлад соработник за логистика за информации за здравствена проценка на ризик поврзани со опасности во храната, со над 18 годишно работно и професионално искуство во Секторот за проценка и комуникација на ризик (СПКР).