Би сакале да ве информираме дека Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со EFSA ги продолжува активностите на Safe2Eat кампањата за 2024 година, во различни тематски области.
Во делот на Што содржи твојата храна, се обрнува внимание на состојките кои влијаат врз вкусот на храната и до одреден степен врз цената што ја плаќаме. Важно е дека во Европа состојките во храната– од адитивите и аромите до оние произлезени од новите технологии– мора да се докажат како безбедни пред да се користат во храната. Некои состојки се совршено безбедни за повеќето од нас, но може да бидат штетни за лицата со алергии, интолеранција на храна или лицата со посебни медицински состојби.
Повеќе информации може да најдте на следниот линк: https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/whats-your-food
Темата „Што содржи твојата храна“ дава разјаснувања во делот на:
- Адитиви - https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/additives
- Нова храна - https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/novel-foods
- Алергени- https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/allergens
- Означување на храната - https://www.efsa.europa.eu/mk/safe2eat/food-labels