Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Европска конференција за Xylella fastidiosa

03.03.2021
Европска конференција за Xylella fastidiosa

Во периодот од 26 до 30 април 2021 година Европската агенција за безбедност на храна ја организира третата европска конференција за Xylella fastidiosa во чии рамки ќе организира и последниот состанок на XF-ACTORS, истражувачки проект во рамките на EU Horizon 2020 посветен на оваа патогена бактерија кај растенијата.

Конференцијата е организаирана од страна на ЕФСА и XF-ACTORS со активен придонес на големи европски и мултинационални истражувачки иниицјативи во областа на X. fastidiosa – BIOVEXO, CURE-XF, ERC MultiX, EUPHRESCO, EUROXANTH и Life Resilience.

Програмата на конференцијата ќе ја рефлектира мултидисциплинарната стратегија која се применуваше за време на истражувањето.
За време на конференцијата ќе бидат опфатени последните наоди, податоци и знаења поврзани со X. fastidiosa како патосистем, вклучително:

  • Патогена биологија, екологија и генетика;
  • Епидемиологија и моделирање на болести поврзани со X. fastidiosa;
  • Интеракција домаќин-растение;
  • Алатки за надзор и рано откривање;
  • Биологија на вектори и контрола;
  • Стратегии за одржливи стратегии за управување со цел превенција и намалување на влијанието на болестите поврзани со X. fastidiosa.


Научниот комитет го ограничи бројот на учесници на 1000, при што приоритет ќе се даде на учесниците земајќи ги во предвид условите за постигнување географски, родов и институционален баланс.
Регистрацијата и доставувањето абстракти се завршува на 7 март 2021 година, а потврдата за учество организаторите ќе ја испратат најдоцна до крајот на март. 

Со регистрирањето на овој настан, учесниците имаат право да учествуваат во целокупната програма на конференцијата која вклучува:

  • 26-27-28 март 2021 год.: XF-ACTORS последен состанок 
  • 29-30 март 2021 год.: Европска конференција за Xylella fastidiosa 

Конечната програма на настанот ќе биде дополнително објавена на веб страната на ЕФСА.
Повеќе информации за настанот и за иницијативата на младите истражувачи може да се прочита на следниот линк.

 

Ознаки
Категорија