Европската агенција за безбедност на храна (ЕФСА) доби мандат од Европската комисија за проценка на ефективноста на некои од мерките за контрола на болестите од категорија А согласно Регулативата (ЕУ) 2016/429 за преносливи болести кај животните („Закон за здравствена заштита на животните“). Ова мислење е едно од низата мислења со кои ќе се проценат предложените контролни мерки, при што истотосе однесува на проценка на мерките за контрола наВисоко патогена авијарна инфлуенца (ВПАИ).
Со ова мислење, ЕФСА и експертите на панелот заздравствена заштита и благосостојба (Animal Health and Welfare – AHAWpanel) ја ревидираат ефективноста на:
- клиничките и лабораториските постапки за земање мостри,
- периодот на следење (мониторинг) и
- минимален радиус на зоната на заштита и надзор, како и минималното времетраење на мерките што треба да се применат во овие зони.
Ова научно мислењесодржи специфични детали за моделот што се користи за проценка на процедурите за лабораториско земање примероци за ВПАИ, а исто така прикажани се и преносните јадра што се користат за проценка на минималниот радиус на зоните под заштита и надзор.
Пред да се започне со проценката, беа дизајнирани и договорени неколку сценарија сокои предвидените мерки за контрола,наведени во ЕУ Регулативата 2016/429, треба да се проценат. Сумирано, постапките за земање примероци, наведени во упатството за дијагностицирање на ВПАИ, се сметаат за ефикасни за живина од видот Gallinaceous, додека дополнително земање мостри се препорачува за видовите Anseriformes. Периодот на следење (мониторинг) беше оценет како ефикасен и беше докажано дека зоната за надзор опфаќа 95% од инфекциите во засегнатиот објект. Препораките дадени за секое од проценетите сценарија имаат за цел да ја поддржат Европската комисија во изготвувањето на понатамошни законски акти, како и за веродостојни ад хок барања во врска со ВПАИ.
Целиот текст на научното мислење може да се прочита на следниот линк: https://efsa.onlinelibrary.wiley.com/doi/10.2903/j.efsa.2021.6372