Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Позитивни оценки од страна на сертификациското тело MQS, регионален парнер на австриското национално сертификационо тело QualityAustria за Република Северна Македонија за функционалноста на документираниот Систем за квалитет, неговата усогласеност со барањата на стандардот за квалитет ISO 9001:2015 и примената во пракса.
Стручен тим од Агенцијата за храна и ветеринарство, од 23 до 24 јануари, во Брисел, Белгија, беа дел од делегацијата на Република Северна Македонија која учествуваше на состаноците во рамки на  билатералниот скрининг со Еворопската унија (ЕУ) за Поглавјето 3 - „Право на основање и слобода на давање услуги“.
Директорот на АХВ Николче Бабовски, со тим од стручни лица од институцијата, денес, во Будва, Република Црна Гора,  учествува на првиот Управен комитет на регионалниот проект “Capacity building of veterinary and plant health services in the Western Balkans - Lot 1 - Animal Health” - ADEWB II, кој е финансиран од Европската Комисија.
Обуката е една од подготвителните активности за успешна подготовка за билатералниот скрининг и преговорите на земјава за членство во ЕУ и таа е вистинска прилика во насока на успешна подготовка.
Врз основа на добиена нотификација преку RASSF системот, по извршена инспекциска контрола ги отповикува и повлекува од пазарот небезбедните прибори за јадење изработени од бамбусови влакна.
Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, во соработка со  Центарот за јавно здравје и претставници од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, утрово, по добиено известување за можно труење со храна во студентскиот дом Пелагонија, извршија вонредна инспекциска контрола во кујн...
Заврши првиот циклус обуки за обновување и стекнување на нови знаења од областа на безбедноста на храната во градинките, со цел заштита и унапредување на здравјето на децата во предучилишните установи.
Во рамки на Проектот „Зајакнување на националната Кодекс структура во Северна Македонија“, што Агенцијата за храна и ветеринарство го имплементира со техничка поддршка на Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), од 12 до 13 декември 2022, во Скопје се спроведе експертска мисија, во чии рамки се одржа работилница  со цел вклучување на научната заедница и институции во специфичната работа на Кодекс Алиментариус.
ЕФСА ја проширува својата лингвистичка разновидност нудејќи ги своите онлајн комуникации на уште 14 европски јазици: бугарски, хрватски, чешки, дански, естонски, фински, унгарски, ирски, латвиски, литвански, малтешки, романски, словачки и словенечки. Веб-страната на ЕФСА сега е достапна на сите 24 официјални јазици на Европската унија
По првото и инаугуративно Собрание за истражување на проценка на ризик (Risk Assessment Research Assembly – RARA) кое Европската агенција за безбедност на храна го организираше во 2018 година, на 07 декември 2022 година се организира вториот RARA настан кој се одржува во Берлин, Германија.