Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на 0800 00 210. Следува награда од 2500 денари

Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари

Codex Alimentarius

01.01.2020

CODEX ALIMENTARIUS

Codex Alimentarius е збир на меѓународно признаени стандарди, правила на постапување, насоки и други препораки поврзани со храната, производството на храна и безбедност на храната со цел заштита на потрошувачите.

Овие стандарди се развиваат и одржуваат од страна на Комисијата на Кодекс Алиментариус (Codex Alimentarius Commission), тело основано во ноември 1961 година од страна на ФАО (Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации). Кон овој проект подоцна се приклучи и Светската здравствена организација (СЗО).

ЦЕЛИ

  • Главните цели на Комисијата на Кодекс Алиментариус се заштита на потрошувачите, како и обезбедување фер практики во меѓународната трговија со храна.
  • Codex Alimentarius е признаен од страна на Светска трговска организација (СТО) како меѓународна референтна точка за решавање спорови кои се однесуваат на безбедност на храната и заштитата на потрошувачите.
  • Освен стандардите за одредени видови храни, Codex Alimentarius содржи општи стандарди кои ги опфаќаат прашањата како означување на храна, хигиена на храна, додатоци во исхрана, резидуи од пестициди, итн.
  • Во исто време, Codex Alimentarius содржи и насоки за увоз и извоз, како и инспекција и сертификација на системите за храна.

Агенцијата за храна и ветеринарство, како контакт точка за Codex Alimentarius аплицираше на отворениот повик за поддршка од FAO/WHO Codex Trust Fund (Round 2). Апликацијата беше верификувана од повеќе институции вклучени во Codex Alimentarius од областа на безбедност на храната, помеѓу кои и Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, Канцеларијата на СЗО во Република Северна Македонија, претставникот на FAO за Република Северна Македонија.

Проектот ќе биде насочен кон зајакнување на капацитетите за воспоставување на оперативна национална Кодекс структура, и ефикасно вклучување на Република Северна Македонија во Кодекс системот, со активно учество во работата на Кодекс, како рамноправна членка.

Кодекс алиментариус соопштенија

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) продолжија со спроведување на редовни и вонредни контроли на целата територија на земјава. 
Заменик директорот на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) Фадил Асани и Сузана Поповска раководител на Секторот за ЕУ и меѓународна соработка при Агенцијата, во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) одржаа работен состанок со претставници на Министереството и Делегацијата на ЕУ
Казна изречена на месарница во Скопје, познат скопски супер маркет казнет поради пласирање на пазарот на небезбедна храна и на ресторан во Битола му е изречена прекршочна санкција и издадено решение за отстранување на утврдени недоследности...
По вонредните засилени контроли кои Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги спроведе во туристичките центри во земјава, покрај редовните контроли, инспекциските служби на АХВ продолжуваат со спроведување на засилени контроли на целата територија на државава. Во моментов во тек е спроведување на вонредни контроли  во угостителските објекти во целата земја
Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните со десет различни активности, зајакнување на капацитетот за безбедност на храната со четири активности, подобрен систем на официјална контрола со четири активности и подобрен систем за собирање на податоци и проценка на ризикот со четири активности
Координирана акција во однос на воспоставување на мерки за  спречување на појава и ширење на болеста Чума кај малите преживари, размена на информации и планирање на активностите преку интерактивно поврзување на сите чинители, почнувајќи од примарните производители, ветеринарните друштва, науката и институциите на системот, се клуч за успешна превенција и заштита од појава на оваа, за овците и козите исклучително опасна заразна болест
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку ветеринарните друштва, почна со дистрибуција на постери, флаери, брошури и прирачници за подигање на јавната свест во однос на болестите Африканска чума кај свињите, Чвореста кожа кај говедата и болеста Беснило.
Воспоставен е засилен 24 часовен надзор на сите гранични премини, со акцент на премините кон земјите каде е потврдено присуство на болеста Чума кај малите преживари, остварени се средби и координирани се активностите со Министерството за локална самоуправа
Врз основа на член 55 става 3 и 6, точка 2 од Законот за ветеринарно здравство, поради  неповолната епидемиолошка  состојба со болеста Чума кај малите преживари која е потврдена во Република Грција и заради ризикот од проширување на болеста  во земјава, Директорот на Агенција за храна и ветеринарство  донесе Решение за безбедносни мерки во однос на оваа болест. 
Агенцијата за храна и ветеринарство ја следи состојбата со болеста Чума кај малите преживари (Peste des Pestitis  Ruminants) која е потврдена во регионов. Со цел зачувување на статус земја слободна од болеста, на сила се решенијата за забрана на увоз и транзит на живи животни (домашни и диви овци и кози) и производи и нус производи од животинско потекло од регионите каде е потврдена болеста