ФАО со позитивна оценка за функционалноста на Планот за итни мерки за африканската свинска чума
Планот за итни мерки на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за справување со болеста Африканска свинска чума, обезбедува висок степен на заштита и спречување на ширење на болеста, заклучија денес експертите на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации – ФАО, по завршувањето на дводневната симулациска вежба која се одржа во Беровско, а на која се проверуваше функционалноста на Планот и координираноста на институциите и протокот на информации за да се одговори брзо и правилно, при евентуална појава на болеста.