Доколку најдете угината дива свиња ве молиме да пријавите на
0800 00 210
Следува награда од 2500 денари
Септември 2019
Учениците од “Браќа Миладиновци” дел од кампањата за одбележување на Светскиот ден на борба против беснило
За основите како да се биде одговорен сопственик, како да е однесуваме кон милениците, колку пати дневно и како да ги храниме, дали и колку често да ги носиме на ветеринар, што значи благосостојбата на милениците, но и како да бидеме одговори и совесни граѓани водејќи сметка и за бездомните животни, се дел од прашањата на кои во предавањето се осврна универзитетскиот професор од Факултетот за ветеринарна медицина Пламен Тројачанец.
Одржана Експертска мисија за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода
Во организација на Агенцијата за храна и ветеринарство и TAIEX инструментот на Европската комисија од 23-24 септември 2019 година во Скопје се одржа Експертска мисија за посебните барања за безбедност на природната минерална вода, изворската вода и друга пакувана вода со која претседаваше прим. д-р Ленче Јовановска, а како експерти од ЕУ учествуваа Г-ѓа Ilona Drulyte од Литванија и Г-дин Evangelius Mourelatos од Грција.